logo
logo
logo

АРЕНА СПОРТ МАКЕДОНИЈА ОФИЦИЈАЛНО СТАРТУВА: Програмата во живо ќе почне во четврток со стартот на Светското фудбалско првенство

Vecer | 09.06.2026

АРЕНА СПОРТ МАКЕДОНИЈА ОФИЦИЈАЛНО СТАРТУВА:  Програмата во живо ќе почне во четврток со стартот на Светското фудбалско првенство

Конечно македонската спортска јавност дочека главните спортски настани да ги гледа со коментар на македонски јазик.

Светскиот спортски телевизиски гигант, Арена Спорт, доби и македонска верзија, почна со работа Арена Спорт Македонија.

Програмата во живо ќе почне во четврток со стартот на Светското фудбалско првенство. Тоа ќе биде првиот голем настан што матичната ТВ куќа Arena sport ќе го пренесува и на македонски јазик преку новиот канал - 104 натпревари кои ќе бидат пренесувани и коментирани од неколку искусни коментатори. Дотогаш на каналите на Арена Спорт Македонија ќе се емитуваат документарни серијали за претстојниот Мундијал и снимки од постари натпревари.

Арена Спорт Македонија за почеток ќе има три канали, тие ќе го добијат местото на досегашните Арена Премиум 1, 2 и 3. Останатите канали на Арена ќе останат и понатаму да се емитуваат.

Според објавата на Арена спорт Македонија, во новата сезона македонските спортски вљубеници ќе гледаат преноси со македонски коментар од Лигата на шампионите, Серија А, Премиер лигата, Ла Лига, Бундеслигата, но и Формула 1, ракометната Лига на шампиони, Мото ГП, потоа НБА и НХЛ, како и тениски турнири.

Ќе има и преноси од македонските репрезентации и македонските клубови во европските натпреварувања, веројатно во различни спортови.

Тимот на коментатори го сочинуваат искусни и познати лица на македонската јавност, овојпат собрани на едно место, во една телевизија која ќе ги емитува сите врвни спортски натпреварувања кои ќе бидат интересни за нашата публика.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk