Нова жртва и нов сомнителен случај ја зголемуваат загриженоста поради ширењето на западнонилската треска. Во изминатите три дена починал 69-годишен маж од Општина Гази Баба, кој имал коморбидитети и бил најдолго хоспитализиран – повеќе од 38 дена. Во истиот период е регистриран и еден нов сомнителен случај, информираше министерот за здравство Сашо Клековски. Со најновиот смртен исход, бројот на починати од западнонилска треска се искачи на седум.
Со овој случај, бројот на починати од западнонилска треска во земјава се искачи на седум. Според Клековски, сите починати досега се мажи.
Во истиот период е регистриран и еден нов сомнителен случај, од Радишани.
Бројот на хоспитализирани пациенти останува 19, а здравствените власти продолжуваат да ја следат состојбата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата