logo
logo
logo

ТРГНАЛ ОД ЕДНА, ЗАФАТИЛ 3 КУЌИ: Пожар во Карпош вечерва

Vecer | 13.07.2025

ТРГНАЛ ОД ЕДНА, ЗАФАТИЛ 3 КУЌИ: Пожар во Карпош вечерва

Вечерва, во 20:02 часот, преку системот за итни повици Е-112 е пријавен пожар во куќа на улицата „Скупи“ во општина Карпош, Скопје.

Од страна на МВР, преку Дежурно-оперативниот центар на Центарот за управување со кризи (ЦУК), побарано е итно исклучување на електричната енергија во нисконапонската мрежа, со цел да се овозможи безбедна интервенција на екипите од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ).

Според првични и неофицијални информации, освен првично зафатената куќа, пожарот се проширил и на уште три соседни куќи. Пожарникарските екипи се на терен и работат на локализирање и гаснење на огнената стихија.

Фото: Илустрација

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk