logo
logo
logo

НЕМА ВЛЕЗ НА ДУИ ПО ЛОКАЛНИТЕ, но ќе има промени во владата со поактивни и поефикасни

Vecer | 23.08.2025

НЕМА ВЛЕЗ НА ДУИ ПО ЛОКАЛНИТЕ, но ќе има промени во владата со поактивни и поефикасни

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан Саем – Отчет, четири години работа за тебе испрати и пораки и за претстојните локални избори. Мицкоски укажа дека на овие избори е сосема извесно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи убедливо и овие избори во најголемиот дел ќе се решат работите уште првиот круг.

И тоа го говорат анкетите, но и нашето чувство кое го имаме изградено врз нашето искуство од комуникацијата со граѓаните. Но, сакам да кажам дека секоја победа мора да се заслужи со работа и со чесност. Нема простор за опуштеност, ниту за неоправдана ароганција, вели Мицкоски.

Мицкоски укажа „ние, и јас како човек во животот не сме добиле ништо незаслужено“.

-Затоа мора да се стисне секоја рака, да се побара поддршка од секој човек. Затоа што луѓето на Македонија заслужуваат шанса каква ќе понудиме и избор кој ќе биде вистинскиот. Тоа се луѓето кои ги нудиме за кандидати за градоначалници.

Секој еден кандидат ќе биде вашиот човек во општината. Вашиот одговор за решавање на прашањата кои ги мачат граѓаните. И секој еден кандидат мора да се држи до вредностите и принципите кои се се во животот на еден човек. Моралниот кодекс значи секогаш да кревате телефон на граѓаните, да решавате проблеми и да создавате подобра иднина, кажа Мицкоски.

После овие избори ќе ги отвориме вратите на партијата за нови смени и за нови луѓе. И во владата ќе има реконструкција и подобрување и поголема динамика на капацитетите. Веќе добро знаеме како може уште посилно и похрабро со зголемени потенцијали.

Тоа не значи дека луѓето кои ќе бидат заменети биле лоши или немарни, но на владата секогаш и треба подинамичен капацитет, уште посилно темпо за промените кои ги правиме. А ние се наоѓаме на патот на промените, на патот на градење промени, а за првпат после долго време на градење заеднички успеси кои ќе донесат подобра иднина и шанса какви генерации млади луѓе чекаат“, рече Мицкоски.

Кажа дека бројките од макроекономијата покажале зголемен извоз, зголемен БДП, раздвижена економија, раст на стопанството, а луѓето наскоро ќе ги почувствуваат овие резултати.

Промените во владата ќе значат уште посилно темпо и уште поголеми заеднички успеси кои ќе оделотворат дека сме на правиот пат и граѓаните го направиле вистинскиот избор. На овие избори ќе се направат и на површина ќе излезат се уште живите непринципиелни коалиции на криминалот, корупцијата и личните интереси.

Еден човек ми вели, го готвите ДУИ да ви биде партнер во владата. Мојот директен одговор е, ДУИ уште долго ќе биде опозиција затоа што досега не научи ниту една лекција. Не ги ставивме во опозиција за без ниту една научена лекција да се вратат на власт.

Тие таму припаѓаат со нивниот коалициски пајташ по криминалот и ударите по Македонија, СДСМ. Јас ќе бидам многу јасен и прецизен - овие избори нема да бидат вратата на ДУИ во владата и интригите и игрите од Зајас и Мала Речица нема да поминат. Македонија ќе им каже „не“ на СДСМ и ДУИ“, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk