logo
logo
logo

Таравари: За тримесечно БЕБЕ со траги на насилство, ВИНОВНИЦИТЕ ќе бидат пронајдени и казнети

Vecer | 13.07.2024

Таравари: За тримесечно БЕБЕ со траги на насилство, ВИНОВНИЦИТЕ ќе бидат пронајдени и казнети

Министерот за здравство Арбен Таравари, синоќа во објава на Фејсбук информираше дека дознал за, како што вели монструозен случај, во кој тримесечно бебе имало траги на насилство по телото.

Таравари вели дека семејството на бебето тврди дека тоа било тепано на  педијатрија од медицинската сестра бидејќи мајката на детето не знаела македонски.

-Доколку овој случај е вистина, оваа медицинска сестра веднаш ќе биде отпуштена и јас лично ќе се погрижам веднаш да биде упатена до правните органи. Каква и да е вистината, виновниците за овој грозен и болен чин ќе бидат пронајдени и казнетиСега одам лично на местото на настанот за да се сретнам со семејството и персоналот!, напиша Таравари.

Таравари синоќа заедно со директорот на Детската клиника отиде и лично да се сретне со семејството на детето, по што потврди дека бебето има повреди по телото и повтори дека ќе се преземат мерки.

-Родителите се жалеа дека можеби не е третирано како што треба на Клиниката. Заедно со директорот дојдовме одблизу да видиме што се случува. Сите пациенти се важни, но децата се посебно важни. Од утре треба специјална комисија на Клиниката да разгледа и да ја слушне и другата страна. Ви гарантирам дека веднаш ќе преземеме мерки против тие коишто постапиле лошо кон детето коешто дојдовме вечерва да го посетиме. Не смееме да се однесуваме лошо кон пациентите, рече Таравари.

За случајот со повреденото тримесечно бебе претходно информираше порталот „Икс“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk