СКОПЈЕ ПРЕД ПРВИТЕ СНЕЖНИ ПАХУЛКИ: Долгорочната прогноза открива кога би можел да падне првиот снег

Vecer | 23.10.2026

СКОПЈЕ ПРЕД ПРВИТЕ СНЕЖНИ ПАХУЛКИ: Долгорочната прогноза открива кога би можел да падне првиот снег

Иако до почетокот на зимата има уште речиси два месеца, долгорочната прогноза на AccuWeather веќе го најавува првиот можен снег во Скопје оваа сезона.

Според моменталната месечна прогноза, првиот снег би можел да падне околу 15 ноември. За тој ден се прогнозира максимална температура од околу 8 степени и минимална околу нулата, а во прогнозата е означена и можност за зимски врнежи.

Заладувањето би продолжило и во следните денови. На 16 и 17 ноември минималните температури би се спуштиле до околу -2 степени, додека дневните би се движеле околу 6 степени.

Почетокот на ноември, сепак, според сегашната прогноза ќе биде значително потопол. На 1 ноември се очекуваат околу 17 степени, а во првите денови од месецот дневните температури би се движеле меѓу 14 и 17 степени.

Уште пониски температури се најавуваат во декември. Во првата половина од месецот минималните температури често би се спуштале под нулата, додека кон крајот на декември се прогнозираат утрински температури и до -6 и -7 степени.

Во втората половина на декември во долгорочната прогноза повторно се појавуваат денови со зимски врнежи, додека дневните температури во најстудениот период би се задржале само неколку степени над нулата.

Во моментов, 15 ноември е првиот датум на кој AccuWeather прикажува можност за снег во Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk