logo
logo
logo

НОВА МОЖНОСТ ЗА ПЕНЗИЈА: Граѓаните ќе можат да докупат до две години стаж и да го исполнат условот за пензионирање

Vecer | 15.09.2026

НОВА МОЖНОСТ ЗА ПЕНЗИЈА: Граѓаните ќе можат да докупат до две години стаж и да го исполнат условот за пензионирање

Граѓаните на кои им недостигаат до 24 месеци за законскиот минимум од 15 години стаж, наскоро би можеле сами да го надополнат и да стекнат право на пензија.

Лицата на кои им недостигаат до две години работен стаж за да го достигнат законскиот минимум од 15 години, наскоро би можеле сами да го докупат преостанатиот период и да остварат право на пензија.

Оваа можност ја најави министерот за социјална политика, Ѓоко Велковски, со предлог-решение што во моментов се разгледува во Владата.

Според најавите, мерката ќе важи за граѓани кои имаат најмалку 13 години стаж, ги исполнуваат условите за старосна пензија и повеќе не се активни осигуреници. Ќе може да се докупат најмногу 24 месеци, а трошокот ќе го сносат самите граѓани преку уплата на придонеси за месеците што им недостигаат.

Износот ќе зависи од бројот на месеци, при што придонесите ќе се пресметуваат на половина од просечната плата од претходната година.

По извршената уплата, пензијата ќе се пресметува според редовната законска формула, врз основа на вкупниот стаж и примањата остварени во текот на работниот век.

Доколку законското решение биде усвоено, тоа би значело нова можност за лицата на кои им недостига мал дел од стажот да не останат без право на пензија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk