logo
logo
logo

ПОВЛЕЧЕН ИЗБОРОТ ЗА ЧЛЕН НА СУДСКИОТ СОВЕТ, Собранието изгласа повеќе законски измени

Vecer | 15.09.2026

ПОВЛЕЧЕН ИЗБОРОТ ЗА ЧЛЕН НА СУДСКИОТ СОВЕТ, Собранието изгласа повеќе законски измени

Собранието денеска во рамки на продолжението на 94. седница не гласаше за нов член на Судскиот совет. Претседателот на Собранието, Африм Гаши информираше дека материјалот е повлечен од седницата.

Изборот на член на Судски совет требаше да се изврши меѓу двајца кандидати, кои ги исполнуваа условите и кои го минаа филтерот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Постапката за избор на член на Судскиот совет се очекува наскоро да биде повторена.

Собранието денеска одржува продолженија на неколку седници. Во рамки на 122. пленарна седница изгласа повеќе закони, главно усогласувања со Законот за високи раководители. Од дневниот ред беше повлечен предлогот за претседател и членови на наградата „Мајка Тереза“.

Пратениците ги изгласаа законите за изменување на Законот за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, на Законот за комуналните дејности, на Законот за градење, измени и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, измени на Законот за санитарната и здравствената инспекција и измени и дополнувања на Законот за рестриктивни мерки, сите по скратена постапка.

Претседателот на Собранието Африма Гаши ги информираше пратениците дека предлагачот ги повлекол Предлог на финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија за 2026 година и Предлог на одлука за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија за 2026 година, што беа на дневен ред на 73. седница.

Работата на Парламентот продолжи со 100. пленарна седница и дебата за Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2025. На дневен ред на оваа седница се и посебните извештаи на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за избор на градоначалници и советници во општините во Република Северна Македонија и на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за повторни избори за градоначалник на Општина Гостивар, градоначалник на општина Врапчиште, градоначалник на општина Маврово и Ростуше и за градоначалник на Центар Жупа – 2026 година. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk