Ноќеска во 01:50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во село Доброште, патничко возило „сеат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.М. од тетовското село Теарце, излетало од патот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник А.И. од село Теарце, тетовско, констатирани во Клиничка болница Тетово, информираат од СВР Тетово.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата