logo
logo
logo

„НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОМИРИ СО ФАКТИТЕ“: ВМРО - ДПМНЕ до СДСМ – Македонија има најевтини нафтени деривати во регионот

Vecer | 26.08.2026

„НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОМИРИ СО ФАКТИТЕ“: ВМРО - ДПМНЕ до СДСМ – Македонија има најевтини нафтени деривати во регионот

СДС не може да се помири дека Македонија има најевтини нафтени деривати и најниска инфлација од земјите во регионот, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од СДСМ дека цените достигнале високи нивоа.

„СДС не може да се помири се реалност и состојбите во државата. Во време на една од најголемите светски кризи предизвикани од немирите на Блискиот Исток, Македонија успева да ги задржи цените на нафтените деривати на најниско ниво од сите земји во регионот. Тоа не дојде само по себе, туку тоа е директен резултат на мерките преземени од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Паралелно на тоа состојбите со цените на производите постојано се следи, а тоа се гледа и по последните резултати објавени од ДЗС кои велат дека инфлацијата во државата, која во континуитет се намалува, сега изнесува 2,3%. СДС да имаа идеи за добри мерки, немаше во нивно време на власт инфлацијата да руши двоцифрени рекорди со 16%“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Така што, додаваат од партијата, ако сака СДС нешто корисно да направи, нека седи, гледа и учи како се следат состојбите, како се води држава, како се развива економијата, и како се работи во интерес на граѓаните и државата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk