logo
logo
logo

Во друштво на сопругите на светските лидери

МАКЕДОНИЈА ПРЕТСТАВЕНА НА ПРИЕМОТ НА МЕЛАНИЈА ТРАМП – Рози Мицкоска во друштво на првите дами

Vecer | 23.09.2026

МАКЕДОНИЈА ПРЕТСТАВЕНА НА ПРИЕМОТ НА МЕЛАНИЈА ТРАМП – Рози Мицкоска во друштво на првите дами

Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, присуствуваше на приемот организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп, во Њујорк, во рамки на 81. Генерално собрание на Обединетите нации. На приемот присуствуваа сопругите на светските лидери кои учествуваат на собранието.

Приемот беше организиран во рамките на иницијативата на Меланија Трамп „Заедничко градење на иднината“ (Fostering the Future Together), чија цел е да им пружи поддршка на децата и младите, истовремено создавајќи нови можности за нивниот развој и образование, јави известувачот на МИА од Њујорк.

– Заедно, ние претставуваме прекрасен спој на култури, јазици, истории и традиции. Сите сме обединети околу една вечна вистина: иднината на нашиот свет ќе биде одредена од она што денес го правиме за нашите деца, порача првата дама на САД на приемот за сопругите на шефовите на држави и влади кои учествуваат на Генералното собрание на ОН.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk