logo
logo
logo

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа ЗА интерпелацијата - Судството мора да биде независно!

Vecer | 11.03.2025

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа ЗА интерпелацијата - Судството мора да биде независно!

Правдата не е изборна опција, туку национална обврска! Македонија бара правда, време е да ја испорачаме!, рече Драган Ковачки, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

- Во Македонија предолго гледавме како правдата беше злоупотребувана, како криминалот се штитеше преку корумпирани судии и јавни обвинители, а институциите што треба да ја гарантираат правдата беа заробени од партиски и бизнис-интереси.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на денешната прес-конференција истакна дека интерпелациите за петте членови на Судскиот совет не е политичка пресметка, туку, како што рече, прв чекор кон демонтирање на коруптивниот систем создаден од власта на СДСМ и ДУИ во изминатите години.

- Ова не е прашање на партија, туку прашање на иднината. Ние, како парламентарно мнозинство, сме должни пред граѓаните, пред идните генерации, пред оние кои заслужуваат да живеат во држава со правда, да донесеме одлука со која конечно ќе се стави крај на политичка контрола врз судството. Судскиот совет има 2 проценти доверба кај граѓаните. Ова не е институција што ужива почит, ова е тело што служеше за политичка и бизнис мафијата да ги штити своите луѓе од одговорност, рече Ковачки и ги повика и сите опозициски партии да го покажат својот вистински став кон правдата.

- Нашите пораки се јасни: ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа „за“ интерпелацијата. ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе реформи со кои конечно ќе ставиме крај на партизацијата на судството. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ниту еден криминалец да избега од правдата само затоа што некогаш бил на власт. Судството мора да биде независно. Судскиот совет мора да биде ослободен од партиските влијанија. Затоа, денес е денот кога сите треба да се погледнеме во огледало и да си поставиме едноставно прашање Што ќе им оставиме на идните генерации? Заробена држава или вистинска правда? Граѓаните бараат одговорност. Македонија бара правда. Време е да ја испорачаме. Затоа гласаме За, додаде Ковачки.


Share

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk