logo
logo
logo

Запленети се над 5,6 илјади фалсификувани „Епл“ маски за телефон со проценета вредност од 5,6 милиони денари

Vecer | 16.07.2025

Запленети се над 5,6 илјади фалсификувани „Епл“ маски за телефон со проценета вредност од 5,6 милиони денари

Мобилните царински тимови на Царинска управа во текот на изминатите денови сузбија повеќе случаи на криминални активности, меѓу кои и обид за трговија со фалсификувани маски за телефон „Ејпл“ при што запленети се вкупно 5,6 илјади парчиња, соопштија од Царина. Во текот на изминатата една година мобилните тимови од Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги открија и спречија 275 обиди за криминални активности, или за повеќе од двојно споредбено со годината претходно кога имало евиденција за 118 заплени.

Во продолжение детали од заплените на мобилните царински тимови во текот на изминатите денови:

– Мобилен царински тим заплени над 5,6 илјади парчиња фалсификувани маски за телефон „Епл“ коишто увозник од Скопје со намера да го скрие делото, логоата ги прикривал со пластифицирани налепници. За истото по поведена постапка за повреда на право од интелектуална сопственост, е утврдено дека станува збор за фалсификувана стока која во нашата држава требало да се продава како оригинална. Вкупната проценета вредност доколку би се продавале како оригинални е 5,6 милиони денари.

– Мобилен скенер на Табановце при контрола на товарно моторно возило заплени над 112 парчиња разна стока, во најголемиот дел спортска облека со потписот на „Најк“, што сторителот се обидел да ја шверцува во државата.

– Патничко комбе натоварено со специјално дизајниран и изработен разладувач наменет за македонска фирма, чиј испраќач е фирма од Србија поминал на граничен премин без да ја пријави стоката и за неа да плати царински давачки. Истото е стопирано на патниот правец Куманово – Скопје од мобилен царински тим од којшто е спречен во намерата. Против сторителот е поведена соодветна постапка, а стоката е запленета.

Мобилен царински тим при контрола на патничко моторно возило на влез во државата на граничен премин Табановце кај четворица патници, македонски државјани, откри вкупно 60 илјади евра. На патниците, согласно Законот за девизно работење вратени им се по 10 илјади евра, а останатите вкупно 20 илјади евра се запленети.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk