Полициски службеници од СВР Скопје денеска изутрина ја уапсија 45-годишната Х.Ѓ. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба подолг период психички и физички ја малтретирала својата 13-годишна ќерка. Според пријавата, мајката често ја држела својата ќерка заклучена во една од собите.
За настанот се известени јавен обвинител, инспектор за малолетници и Центар за социјални работи. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата