logo
logo
logo

Македонецот не се откажува од традицијата, ајварот би чинел околу 2500 денари за десет тегли

Vecer | 03.09.2026

Македонецот не се откажува од традицијата, ајварот би чинел околу 2500 денари за десет тегли

Септември е месецот кога започнуваат подготовките на традиционалните рецепти како би се поминала зимата. Со првите пожолтени лисја и свежиот есенски воздух, низ маалата се шири познатиот мирис на печени пиперки, варен ајвар, џем и разни салати.

Цената за правење домашен чист ајвар зависи најмногу од цената на пиперката ајварка на пазарите. За да се добие 1 тегла чист ајвар околу 700 грама, во просек се потребни 3 до 3,5 kg црвена пиперка.

За десет тегли ајвар се потребни околу 2500 денари. Најмногу се одвојува за пиперката за што е потребно околу 30 килограми со просечна цена од 50 до 70 денари, 1,5 до два литри сончогледово масло кое чини меѓу 80 до 90 денари, од пет до седум килограми модри патлиџани кои коштаат од 30 до 50 денари или од 150 до 350 денари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk