ГО ПРЕГАЗИЛ СО КОМБЕ НА „ДИЖОНСКА“ ВО ЧАИР: 68-годишен скопјанец тешко повреден

Vecer | 06.11.2026

ГО ПРЕГАЗИЛ СО КОМБЕ НА „ДИЖОНСКА“ ВО ЧАИР: 68-годишен скопјанец тешко повреден
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Жител на Скопје, на возраст од 68 години, завршил во болница со тешки повреди откако го удрил возач со комбе на улицата „Дижонска“ во Чаир, соопшти МВР.

„На 05.11.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул„Дижонска“ во Скопје, Б.Л.(36) од Скопје управувајќи товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Л.М.(68) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 68-годишниот пешак, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од екипа на СВР Скопје“, пишува во полициското соопштение.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk