logo
logo
logo

ПИЈАН МЕКСИКАНЕЦ УАПСЕН ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ - нападнал полицаец со тврд предмет

Vecer | 20.09.2026

ПИЈАН МЕКСИКАНЕЦ УАПСЕН ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ - нападнал полицаец со тврд предмет

Триесет и едногодишен државјанин на Мексико е уапсен во Скопје, откако одбивал да се легитимира, се однесувал агресивно и физички нападнал полициски службеник.

Според информации од МВР, инцидентот се случил на 19 септември во 21:00 часот, во парк во Ѓорче Петров, каде што се одржувала манифестација.

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Х.И.Б.Л. (31) од Мексико, откако тој одбивал да се легитимира и се однесувал агресивно. Потоа, додека полицаецот извршувал службени дејствија, го нападнал физички и со тврд предмет.

При преземените мерки било утврдено дека 31-годишникот бил под дејство на алкохол. Кај него биле измерени 2,30 промили алкохол во крвта.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Фото: АИ Република

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk