logo
logo
logo

ДОЈДЕТЕ ВО ЦЕНТАР! Скопјанец исфрлил цела дневна на улица, ИНСПЕКТОРИТЕ ГО ФАТИЈА И КАЗНИЈА (ФОТО)

Vecer | 20.09.2026

ДОЈДЕТЕ ВО ЦЕНТАР! Скопјанец исфрлил цела дневна на улица, ИНСПЕКТОРИТЕ ГО ФАТИЈА И КАЗНИЈА (ФОТО)

Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин како фрла градежен шут и кабаст отпад околу контејнерите во Кисела Вода, создавајќи дива депонија. Од Град Скопје истакнуваат дека лицето е веќе санкционирано.

На лице место фатен како создава депонија! За секоја ваква постапка нема толеранција! Доцна вечерва, инспекторите на Град Скопје затекнаа лице како фрла градежен шут и кабаст отпад околу контејнерите во Кисела Вода, создавајќи дива депонија, инфомираше доцна синоќа градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Истото е веќе санкционирано.

Додека нашите екипи деноноќно работат за почист град, поединци го уништуваат сработеното и ја загадуваат околината во која сите живееме.

Таквата неодговорност нема да помине без санкција!

Јасно кажав и останувам на зборот – нулта толеранција за секој што ги претвора јавните површини во депонии и го загрозува здравјето на граѓаните.

Инспекторите се на терен 24 часа, а во тек е и постапка за поставување камери на јавни површини, за побрзо откривање и санкционирање на прекршителите.

Скопје е наш заеднички дом.

Да се однесуваме одговорно!, напиша Ѓорѓиевски на ФБ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk