logo
logo
logo

Премиерот Мицкоски и Крис Павловски на вечера разговараа за иднината на Македонија

Vecer | 13.08.2025

Премиерот Мицкоски и Крис Павловски на вечера разговараа за иднината на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски имал пријателска вечера со основачот и извршен директор на платформата Rumble, Крис Павловски, кој овие денови престојува во својата родна Преспа.

Во објава на социјалните мрежи, Мицкоски истакна дека со Павловски разговарале за перспективите и иднината на Македонија, како и за начините за искористување на сите можности кои би донеле развој и просперитет за македонските граѓани.

Компанијата „Рамбл Клауд“ неодамна отвори подружница во Македонија. Според информациите објавени, фирмата е регистрирана на адреса во центарот на Скопје, а управители се самиот Павловски и неговиот деловен партнер Брандон Александрофф.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk