Адвокатка од Штип и четворица полициски службеници од Штип и Кочани се под истрага поради сомнение дека намерно ја попречувале кривичната постапка и го отежнале прибирањето докази.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека Одделот за внатрешна контрола поднел кривична пријава до надлежното јавно обвинителство против адвоката Е.П. од Штип, како и против полициските службеници Д.Д., И.А., Г.Т. и Х.С.
Според наводите во пријавата, осомничените во текот на септември 2025 година преземале конкретни дејствија со кои било попречено и отежнато собирањето докази во рамки на кривична постапка, што претставува сериозно кршење на законот и злоупотреба на службената положба.
Од МВР информираат дека, покрај кривичната постапка, против четворицата полициски службеници ќе биде поведена и дисциплинска постапка.
Надлежното јавно обвинителство ќе одлучува за натамошниот тек на постапката и евентуалните мерки против осомничените.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата