logo
logo
logo

ПОВЕЌЕ БУГАРИ ПАТУВААТ ВО МАКЕДОНИЈА ОТКОЛКУ МАКЕДОНЦИ ВО БУГАРИЈА

Vecer | 30.07.2026

ПОВЕЌЕ БУГАРИ ПАТУВААТ ВО МАКЕДОНИЈА ОТКОЛКУ МАКЕДОНЦИ ВО БУГАРИЈА

Во јуни во Македонија допатувале 6.400 бугарски државјани повеќе отколку што македонски државјани отпатувале за Бугарија, покажуваат податоците на Националниот статистички институт во Софија, објави порталот Експрес.

Околу 33.900 државјани на Бугарија минатиот месец ја посетиле Македонија, , наспроти 27.500 македонски граѓани што заминале кај источниот сосед. Македонија е седма дестинација за Бугарија по бројот на посети, а Бугарија е на 10. место меѓу изборот на туристите од Македонија.

Најголем број патувања од бугарските граѓани биле направени во: Турција – 249.700, Грција – 223.700, Романија – 94.800, Германија – 67.600, Србија – 62.400, Италија – 37.800, Македонија – 33.900, Австрија – 31.500, Шпанија – 26.500, Франција – 25.100.

Најмногу посети на Бугарија оствариле граѓани од: Романија – 246.600, Турција – 242.200, Германија 122.200, Грција – 110.000, Украина – 109.200, Полска – 104.500, Србија – 82.100, Чешка – 48.200, Обединето Кралство – 44.600, Република Северна Македонија – 27.500.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk