Под влијание на топла воздушна маса од југ, за време на продолжениот викенд и во текот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според прогнозата, дневната температура насекаде ќе биде над 32 степени Целзиусови, а во одделни места ќе достигне и ќе надмине 40 степени.
Од УХМР предупредуваат дека високите температури ќе се задржат и во текот на ноќта, поради што ќе нема значително разладување.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата