logo
logo
logo

СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ на 2 јули треба да се јави во затворот во ШУТКА

Vecer | 11.06.2026

СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ на 2 јули треба да се јави во затворот во ШУТКА

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на 2 јули годинава треба да се јави во затворот во Шутка на издржување на едногодишната казна затвор, информираа денеска од Основниот кривичен суд. Оттаму велат дека на Јакимовски денеска му бил издаден упатниот акт.

„Судија за извршување на санкции од Кривичниот суд Скопје, на осудениот С. Ј. му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор и истиот е упатен да се јави во затвор ’Скопје’ на 2 јули 2026 година“,

информираат од Кривичен.

Ова следува откако Апелацискиот суд ја потврди едногодишната затворска казна за Јакимовски, во предметот поврзан со изградбата на општинската зграда во Карпош.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk