logo
logo
logo

Одржлив раст на економијата преку КРУПНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ИНФРАСТРУКТУРАТА НА СТРАТЕШКИТЕ КОРИДОРИ 8 И 10

Vecer | 11.06.2026

Одржлив раст на економијата преку КРУПНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ИНФРАСТРУКТУРАТА НА СТРАТЕШКИТЕ КОРИДОРИ 8 И 10

Одржлив раст на економијата преку крупни инвестиции во инфраструктурата на стратешките коридори 8 и 10, како и подобрување на ефикасноста во траспортот, беа тема на панел дискусијата на која говореше заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, а во организација на Европската Бизнис Заедница.

Вицепремиерот во своето обраќање посебен фокус стави на инвестициите во патната и железничката мрежа на Kоридорот 8 и Kоридор 10 и кракот 10 -д, потенцирајќи дека на среден и долг рок овие инвестиции ќе придонесат за одржлив економски развој и регионална поврзаност.

Изградбата на автопатите на Коридор 8 и 10 -д, се реализираат со засилена динамика, истите ќе мултициплираат развој на регионот, ќе привлечат нови инвестиции и ќе понудат нови работни места, потенцираше вицепремиерот, додавајќи дека постојат конкретни рокови за нивна реализација.

– Во однос на конкуретноста на домашната економија, дополнително ќе влијае и изградбата на брзата пруга на Коридор 10 која ќе придонесе за брз и предвидлив транспорт, реални планови за развој на компаниите и позиционирање на Македонија на главата транспортна рута за Централна Европа, посочи Николоски.

Вицепремиерот говореше и за регионалата соработка која се потпира на заеднички проекти со соседните земји кои ќе го олеснат транспортот, ќе придонесат за регионална интеграција и регионален економски развој.

– За да се реализираат овие долгорочни мерки и политики, работиме на крупни инфраструктурни проекти преку кои ќе ја постигнеме посакуваната цел, а тоа е конкуретна економија, одржливи услови за развој на компаниите, ефикасен и брз транспорт, зелени ленти на граничните премини и регионална соработка, додаде вицепремиерот Николоски пред компаниите членки на Европската Бизнис Асоцијација во Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk