Сепак се движи: 650 БИЗНИС ИДЕИ ПРЕДЛОЖИЈА МЛАДИТЕ, НА ЧЕЛО СО СТУДЕНТИТЕ

Vecer | 28.11.2026

Сепак се движи: 650 БИЗНИС ИДЕИ ПРЕДЛОЖИЈА МЛАДИТЕ, НА ЧЕЛО СО СТУДЕНТИТЕ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Младите, пред се студентите, покажуваат голем интерес и кретаивност во практичните задачи што е потврда дека образованието ги дава резултатите. Некогаш повеќе, друг пак помалаку но последниот тест за нивната кретаивност покажува дека кај нив има капацитет.

Повеќе од 650 пријавени бизнис-идеи на натпреварот на Brainster Next се показател дека образовниот систем ги поттикнува младите да размислуваат претприемачки, оцени министерката за образование и наука Весна Јаневска при посетата на натпреварот за бизнис-идеи на средношколци.

Јаневска истакна дека натпреварот ги обединил учениците од јавните и приватните средни училишта во земјава и им овозможува да ги покажат своите знаења, креативност и иновативност.

-Станува збор за натпревар на кој младите луѓе покажуваат креативност, логично и критичко размислување, иновативност, но и желба за натпреварување. Особено ме радува нивната самодоверба и храброст да застанат зад своите идеи – истакна министерката Јаневска.

Според неа, ваквите настани се значајни за препознавање и промоција на младите таленти и нивниот претприемачки потенцијал. Таа изрази задоволство што организаторите, заедно со други инвеститори, обезбедуваат поддршка за најдобрите идеи, со можност тие да прераснат во мали бизниси, сопствени брендови или да најдат примена во постојни компании.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk