Луна Стефаноска е избрана за потпретседателка на European Democrat Students, официјалната студентска организација на EPP - European People's Party, со што Македонија добива уште еден значаен претставник на висока позиција во европското политичко семејство.
Овој избор е потврда за угледот, посветеноста и континуитетот на Унијата на млади сили на меѓународната сцена.
Преку активното учество во европските политички структури, продолжуваме да ги застапуваме македонските интереси, да ги промовираме нашите вредности и да го афирмираме македонскиот идентитет, култура и посебност во Европа.
Горди сме што младите од Македонија имаат свој глас, влијание и значајна улога во европското политичко семејство.Продолжуваме со нови успеси, силна меѓународна соработка и достоинствено претставување на Македонија!Да живее Унијата на млади сили! - стои во објавата на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата