logo
logo
logo

Мицкоски: ДАТА ЦЕНТРИТЕ И AI СЕ НОВАТА НАФТА, но има структури кои не сакаат Македонија да напредува

Vecer | 25.08.2026

Мицкоски: ДАТА ЦЕНТРИТЕ И AI СЕ НОВАТА НАФТА, но има структури кои не сакаат Македонија да напредува

Вештачката интелигенција и дата центрите се новата нафта во светот и Македонија не смее да го испушти тој историски момент за долгорочен економски раст, порача премиерот Христијан Мицкоски, истовремено упатувајќи остри критики кон одредени структури во општеството кои според него свесно го кочат развојот на земјата.

Мицкоски посочи дека сите проекти мора да се реализираат со целосно почитување на законските прописи и заштита на животната средина, но нагласи дека противниците на овие инвестиции делуваат со сомничави мотиви.

„Лично мислам дека одредени структури во општеството имаат поинаква цел, а најмалку да ги заштитат интересите на граѓаните. Истите тие кои беа најгласни против инвестициите во антимонот и златото, сега се против и за дата центрите. Во суштина, тие се против тоа Македонија да се развива. Кога целиот свет граба кон вештачка интелигенција, имаме луѓе кои за одредена донација или грант од сомнителни извори се обидуваат да ни го поматат умот со нелогични изјави. Развојот на човештвото е неповратен процес и јас апсолутно стојам зад тоа дека дата центрите треба да се градат“, изјави Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk