logo
logo
logo

БУЈАР ЗА ЧАИР, ДУИ извади уште тројца кандидати за градоначалници

Vecer | 21.07.2025

БУЈАР ЗА ЧАИР, ДУИ извади уште тројца кандидати за градоначалници

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, свика редовна седница на Централното претседателство на партијата, на која беа разгледани актуелните политички случувања во земјата и подготовките за претстојните локални избори.

Централното претседателство едногласно го именува Фатон Ахмети, генерален секретар на ДУИ, за шеф на Централниот изборен штаб.

Исто така, со целосен консензус беа потврдени кандидатите кои ќе се натпреваруваат за градоначалници и носители на советнички листи во повеќе општини:

Kaко што претходно беше соопштено, во Општина Чаир кандидат за градоначалник ќе биде Бујар Османи, потпретседател на ДУИ и ексминистер за надворешни работи.

Во Општина Тетово, кандидат ќе биде Бајрам Реџепи, потпретседател на ДУИ.

Во Општина Желино, кандидат ќе биде Гемир Сулејмани, претседател на општинската организација на ДУИ.

Во Општина Гостивар, немаат кандидат за градоначалник, носител на советничката листа ќе биде Валдет Џафери, претседател на огранокот на ДУИ.

Во Општина Струга, немаат кандидат за градоначалник, носител на советничката листа ќе биде Фатон Пололжани, претседател на огранокот на ДУИ.

Во наредните денови, по завршување на внатрепартиските и коалициските консултации, ќе бидат потврдени дополнителни кандидати за останатите општини.

Од Алијансата за Албанците, преку Зијадин Села, се очекуваат предлози за кандидати за градоначалници во општините Струга, Арачиново и Дебар, а од Арбен Таравари – за Гостивар, Врапчиште, Теарце и Сарај.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk