logo
logo
logo

Таткото пријавил во гостиварската полиција

Две жени силувале 3-годишно момче и 10-годишно девојче, МАЈКАТА НА ДЕЦАТА ГИ СНИМАЛА

Vecer | 27.07.2025

Две жени силувале 3-годишно момче и 10-годишно девојче, МАЈКАТА НА ДЕЦАТА ГИ СНИМАЛА

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка од Гостиварско за која постои основано сомнение дека спрема нејзините две деца – девојче родено 2015 година и момче родено 2022 година, сторила кривично дело – Запуштање и малтретирање дете од член 201 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

Таа исто така се сомничи и за – Производство и дистрибуција на детска порнографија согласно член 193-а став 1, додека две други жени се осомничени за – Силување на децата кои не наполниле 15 години предвидено во член 188 став 1 од Кривичниот законик.

„Триесетгодишната мајка грубо ја запоставила својата должност за грижа за децата и дозволила двете 22-годишни жени да извршат полови дејствија со нејзините деца. За тоа време, мајката настанот го снимала со мобилен телефон, а видеото со детска порнографија преку апликација ја испратила на нејзиниот сопруг кој се наоѓал во Италија. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за трите осомничени“, наведено е во соопштението на Јавното обвинителство.

На 26.07.2025 во 16.40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.Ќ.(31) од Република Албанија, со живеалиште во гостиварско, нејзината сестра М.Ј.(22) тетовско, додека на 27.07.2025 од слобода била лишена и нивната пријателка Е.И.(23) од тетовско, постапувајќи по претходна пријава од 34-годишниот сопруг на А.Ќ. дека во периодот додека престојувал во Италија, А.Ќ., М.Ј. и Е.И. снимиле и му пратиле видео снимки со порнографска содржина од неговиот тригодишен син.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk