Судењето за „ОНКОЛОГИЈА 2“ ПОЧНА ОДНОВО, Васев и Нухи повторно негираа вина

Vecer | 02.11.2026

Судењето за „ОНКОЛОГИЈА 2“ ПОЧНА ОДНОВО, Васев и Нухи повторно негираа вина

Судењето за „Онкологија 2“, кое се води против поранешниот медицински и ексекономскиот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал, денеска, во Основниот кривичен суд Скопје почна од почеток поради измена на составот на судечкиот совет.

Случајот повторно го води судијката Славица Наумова-Јосифовска, но почнува од почеток поради промена на судија член на судечкиот совет.

Судењето за „Онкологија 2“ почна од почеток и во ноември 2025 година поради промена на еден од поротниците во судечкиот совет. Тогаш странките се согласија веќе изведените материјални докази и сослушани сведоци само да се прочитаат и да не се изведуваат повторно.

Застапник на обвинението е Марија Ѓоргева од ОЈО ГОКК, која на почетокот на денешното рочиште изјави дека останува на веќе изнесените воведни зборови пред судот.

Обвинетите Васев и Нухи на почетокот повторно негираа вина за делата што им се ставаат на товар. 

- Не. Не се чувствувам виновен за делата што ми се ставаат на товар - изјави првообвинетиот Васев пред судот.

Второобвинетиот Нухи пред судот рече дека не се чувствува виновен и дека не му е јасно обвинението што му се става на товар.

- Не во јазична форма. Не ми е јасен обвинителниот акт и не знам зошто сум обвинет бидејќи овој обвинителен акт нема врска со моето работење на Клиниката - изјави Нухи.

Одбраната на Нино Васев во воведен говор нагласи дека обвинението не се базира на реални докази и се води од претпоставки и вештачки конструкции и дека единствена алтернатива е ослободителна пресуда и ослободување на Васев поради недостиг на докази.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk