logo
logo
logo

ВЛЕН ГО РАСТУРА ДУИ НА ДНЕВНА ОСНОВА: Ќе раскинуваат нивни мафијашки договори и понатаму

Vecer | 01.05.2026

ВЛЕН ГО РАСТУРА ДУИ НА ДНЕВНА ОСНОВА: Ќе раскинуваат нивни мафијашки договори и понатаму

ДУИ денес не ги брани граѓаните, туку брани приватни интереси и сомнителни договори преку кои со години се испумпуваа пари од граѓаните.

Наместо да даде одговор зошто проектот за интерконекција со Албанија беше блокиран повеќе од половина деценија, ДУИ избира да напаѓа и да манипулира, обидувајќи се да го сокрие сопствениот неуспех и интересите што стојат зад него, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално.

Раскинувањето на договор, кој не се реализирал, но повлекол многу пари од џебот на граѓаните е причина за паника во ДУИ. Тие биле корисници на испумпаните парите.

Време е да се престане со навиката политиката да се користи за лично богатење на десетина фамилии од врвот на ДУИ. Нека викаат, нека паничат, нека се нервираат. Времето во кое тие станаа буржоазија на грбот на Албанците, заврши.

Јавноста има право да знае дека во овој проект како подизведувач, во време на ДУИ, се појавуваа лица исклучиво блиски до врвот на ДУИ, меѓу кои и Нефи од Охрид, лично поврзан со Али Ахмети и Бујар Османи.

Нам ни е јасно дека преку фиктивни договори и нереализирани обврски се испумпувале пари на граѓаните кон фирми на ДУИ, кон фирми на блиски лица на Али Ахмети и Бујар Османи. Затоа е паниката голема. Ние не се согласуваме со нови анекси од над 8 милиони евра, пари на граѓаните, кои ќе завршат во џебовите на Али Ахмети и Бујар Османи.

Фактите се јасни и непобитни. Компанијата која ДУИ денес ја брани, имаше реализација од едвај 4% во период од повеќе од 5 години. Наместо да гради, проектот беше целосно закочен, без активности на терен, додека паралелно се отвораа барања за дополнителни средства и анекси кои одеа до 50% од вредноста на договорот. Тоа не е реализација, тоа е систем на извлекување пари.

ДУИ денес зборува за штета, но ја премолчува вистинската штета која се создаваше со години. Државата плаќаше камати за кредит уште од 2015 година, без проектот да се реализира, а според анализите на MEPSO, секоја година застој значи дополнителни милионски загуби.

Одлуката за раскинување на ваков договор не е донесена самоволно, туку по детална форензика и длабока анализа, и целосно во согласност со правилата на European Bank for Reconstruction and Development. Секој чекор и раскинувањето на договорот и новата постапка е направен со одобрение и под надзор на ЕБРД. Тоа е меѓународна институција која не дозволува политички импровизации, туку работи исклучиво врз основа на правила, процедури и факти.

Пред раскинувањето, по барање на МЕПСО е направена е детална форензика на сите аспекти од договорот со насоки за постапување, како дел од проект на USAID.

Обидот на ДУИ да ја претстави постапката пред DAB како конечна пресуда е груба манипулација. Станува збор за предарбитражен механизам, кој не претставува правосилна одлука и каде државата има целосно право да ги искористи сите правни средства.

Во меѓувреме, новиот тендер го добива конзорциум предводен од Dalekovod d.d., компанија од групацијата KONČAR Group, со искуство во десетици европски држави и работа со најстрогите стандарди.

ДУИ ја плаши тоа што конечно се гледа дека се гради. Проектот кој тие го држеа „мртов“ со години, денес се движи и ќе биде реализиран. ДУИ не изгради ниту едно сериозно инфраструктурно или енергетско поврзување со Албанија или Косово. Сите проекти беа блокирани, одложувани и закочени. Затоа нивната денешна реакција не е загриженост за граѓаните, туку паника од тоа што се менува реалноста. ДУИ се дели и распаѓа, додека ВЛЕН се обединува и расте. ДУИ може да лаже и да инсинуира колку сака. Но вистината е една.

Тие не градеа, тие испумпуваа пари за себе. ВЛЕН гради и ќе продолжи да гради.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk