logo
logo
logo

“Не можеме да прифатиме услов со кој ЦЕНАТА НА СТРУЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ Е ПОГОЛЕМА 25%“

Vecer | 01.05.2026

“Не можеме да прифатиме услов со кој ЦЕНАТА НА СТРУЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ Е ПОГОЛЕМА 25%“

Премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата во Охрид рече дека ќе бидат исполнети сите услови од Реформската агенда што ги бара ЕУ, освен два од вкупно 10-те, меѓу кои и тој за либерализација на цената на електрична енергија за домаќинствата.

- Првиот е оној со кој се бара од државата да не испорачува 100 проценти електрична енергија за домаќинствата. Ако го прифатиме тоа што го прифатила претходната влада, токаг сметките на домаќинствата ќе бидат за 25, па и 30 проценти повисоки. Тука свесно нема да одиме на прифаќање, бидејќи треба да го заштиме стандардот на граѓаните, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека вториот услов кој во моментов не може да се исполни е промената на Изборниот законик, за кој рече дека е потребен консензус.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk