logo
logo
logo

Без компромиси и етнички игри

„МУ СЕ ДОПАЃАЛО НЕКОМУ ИЛИ НЕ“ - Костадиновски најави разврска на законот за јазици

Vecer | 25.06.2026

„МУ СЕ ДОПАЃАЛО НЕКОМУ ИЛИ НЕ“ - Костадиновски најави разврска на законот за јазици

„Му се допаѓало некому или не, Законот за јазиците ќе биде решен“, порача претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, во интервју за ТВ Сител, нагласувајќи дека предметот ќе добие епилог откако Судот ќе биде комплетиран. Тој ги отфрли обвинувањата за етничко надгласување и мајоризација, истакнувајќи дека судиите одлучуваат врз основа на Уставот и правните аргументи, а не според етничката припадност.

„Jас имам кажано нема компромиси ни со никого во поглед на решавањето. Тој предмет ќе биде решен му се допаѓало тоа на некого или не зашто ќе биде решен и никој не треба да се плаши од решавањето на тој предмет.многу често ги слушаме критиките на Уставниот суд за етничко надгласување ,за мајоризација,има застапници за Бадентер во Уставниот суд и затоа имам став го имам кажано. Ние таму, без разлика на етничката... ниту албанските судии ниту македонските судии, не сме таму да ги штитиме етничките афилиации. Имаме една едноставна задача…За жал и покрај сите обвинувања... најчесто албанскиот политички фактор ги обвинува мнозинството македонски судии дека сме правеле мајоризација… Јас често прашувам дајте луѓе да видиме да седнеме што ги прави правни и уставно-правни аргументи на нашите колеги, а што нашите ги прави етнички. Не е точно, обратно е!“, потенцираше Костадиновски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk