Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, присуствува на меѓународниот саем MUNI EXPO во Тел Авив, Израел, на еден од најзначајните меѓународни настани посветени на локалната самоуправа, паметните градови, урбаните иновации и современото управување со кризи.
Ѓорѓиевски соопшти дека на настанот, на кој учествуваат претставници на градови, институции и компании од повеќе земји, се разменуваат искуства и современи решенија за поефикасно функционирање на локалните власти.
Ѓорѓиевски посочи дека Скопје треба да ги применува најдобрите светски практики во дигиталните услуги, комуналното управување и кризното менаџирање.
Посетата на Израел градоначалникот ја искористи и да се поклони врз Божјиот гроб и да се помоли.
– Посета на Божјиот Гроб, во Ерусалим, Светата Земја. Миг во кој човек замолчува, а душата зборува. Највозвишено чувство кое не се опишува со зборови. Бог е љубов!,напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата