logo
logo
logo

НЕ ЈА ЗБОРУВААТ ВИСТИНАТА ОНИЕ КОЈ ТВРДИ ДЕКА барањето за поголем буџет во правосудството НЕ Е ЗА ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ

Vecer | 04.12.2025

НЕ ЈА ЗБОРУВААТ ВИСТИНАТА ОНИЕ КОЈ ТВРДИ ДЕКА барањето за поголем буџет во правосудството НЕ Е ЗА ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ

Премиерот Христијан Мицкоски е убеден дека барањето за поголем буџет во правосудството е исклучително само заради зголемување на платите. Секој, нагласува Мицкоски, кој вели дека станува збор за платите, не ја говори вистината.

Смета дека доколку им се потребни средства за вработување персонал како што велат, треба да направат список и преку Министерствто за финансии дополнителните средства ќе им бидат обезбедени. Дециден е дека нема да им се даде 0,8 посто од БДП, бидејќи, како што истакнува, државата има и други приоритети.

-Кој кажува дека не станува збор за покажување на платите, не ја кажува вистината. Најдиректно станува збор за тоа и би сакал со тие кои велат дека не е така најдиректно да аргументирам член по член, барање по барање. Бараат вработувањата и унапредувањата да ги одобрува Советот на јавни обвинители и Судскиот совет. Бидејќи велат нам не ни требаат пари за плати, туку да вработиме персонал, немаме – ИТ експерт, сметководител, немаме дактилограф, технички асистент, ние велиме добро направите список на судовите и обвинителставата и ќе ви обезбедиме пари со ребалансот на Буџетот, преку Министерството за финансии, вели Мицкоски.

Премиерот на брифинг со новинарите истакна оти тие средства ќе бидат наменети за вработување лица кои ќе ги изберат судовите и обвинителствата, откако ќе им бидат одобрени од Судскиот совет и Советот за јавни обвинители и оти треба да го направат тој список кој од нив се бара.

-Тој буџет што тие го бараат од 0,8 проценти нема да го дадеме, макар и да е задолжителен. Затоа што 0,8 од БДП на 20 милијарди долари од БДП е 160 милиони долари. Толку пари не може да дадеме затоа што треба да издвоиме за НАТО 3,5 проценти за воени трошења и 1,5 проценти за критична инфраструктура, треба да издвоиме за плати, за пензии, за социјални трансфери… Трипати да го зголемиме буџетот за судовите пари нема и нема да го зголемиме туку ќе дадеме за вработувања за кои тие велат дека им се потребни, нагласува Мицкоски.

Тој вели дека според Извештајот на Советот на Европа кој се темели на бројки од 2022 година, за правосудство – судови, обвинителства и бесплатна правна помош земјава издвојува 0,39 отсто, иако, како што посочи, според наши бројки е 0,44 проценти.

– Сепак и да е 0,39 со зголемувањето кое го бараат за вработување персонал би се качил процентот на околу 0,4 отсто, вели премиерот Мицкоски.

Според него, многу понеопходно е да се вработат нови судии и јавни обвинители, но за тоа, потенцира, треба да заврши постапката за 9 генерација, па да се распише конкурс за десеттата и единаесеттата генерација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk