logo
logo
logo

АКО КУПУВАТЕ ARIEL ПРАШОК, проверете - има шверц ФАЛИСИФИКАТ а фатени се над два тона

Vecer | 04.12.2025

АКО КУПУВАТЕ ARIEL ПРАШОК, проверете - има шверц ФАЛИСИФИКАТ а фатени се над два тона

Фалсификат прашок за перење алишта Ariel, кој е штетен по здравјето на луѓето како и за животната средина, е запленет во царинската испостава Тетово. Прашокот бил од Турција, а наменет за увозник од Скопје.

Царински службеници од ЦИ Тетово спречија обид за криумчарње стока која била натоварена во Турција и наменета за увозник од Скопје. Станува збор за 2.000 килограми, или 200 вреќи од по 10 килограми прашок за перење алишта со трговска марка Ariel.

„Преку одделението за нетарифни мерки и заштита на правата од интелектуална сопственост при Царинската управа известен е правниот застапник на носителот на правото кој потврди дека предметниот прашак Ariel е фалсификат и со тоа ги повредува правата од интелектуална сопственост заради што е согласен за уништување на стоката“, соопшти Царината.

Против сторителот по спроведување на постапка ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk