logo
logo
logo

При сообраќајна несреќа повредени се тројца полицајци: „крајслер“ и опел се судриле на кружниот тек во Ѓорче Петров

Vecer | 14.07.2025

При сообраќајна несреќа повредени се тројца полицајци: „крајслер“ и опел се судриле на кружниот тек во Ѓорче Петров

Тројца полициски службеници се повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила во Скопје, на кружниот тек меѓу булеварот Партизански одреди, улицата Ѓорче Петров и улицата Ацо Шопов.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 12 јули 2025 година околу 15 часот, при судир помеѓу патничко возило „Опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот Б.Н. од Скопје и службено возило „крајслер“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник В.И. (35) од село Бањане.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот В.И. и неговите сопатници, полициските службеници А.С. (28) и И.Б. (26), двајцата од Скопје. На сите тројца повредени им е укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде биле констатирани телесни повреди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk