logo
logo
logo

„На Клиниката за уво, нос и грло извршена е темелна реконструкција на 4 хируршки сали, набавен микроскоп и анестезиолошки машини“

Vecer | 01.08.2025

„На Клиниката за уво, нос и грло извршена е темелна реконструкција на 4 хируршки сали, набавен микроскоп и анестезиолошки машини“

– Тоа што го дефиниравме како политики за подобрување на здравствениот систем гледаме дека веќе станува реалност на оваа клиника. Трите столба што ги мапираме како битни – инфраструктура, човечки ресурси и технологија, денес видовме како тоа реално е имплементирано и фунционира. Четири операциони сали се од темел реновирани, со најнова технологија која овозможува следење на сите стандарди на највисоко ниво. Во однос на кадровската политика, веќе се вработени тројца специјализанти, од кои двајца специјалисти ОРЛ и еден специјализант по анестезиологија и интензивно лекување, пет медицински сестри, како и тројца администратори, што ќе придонесе кон потранспарентно здравство кое што е поблиску до граѓаните, согласно европските стандарди, изјави министерот Алиу.

Директорот на Клиниката, д-р Игор Камшикоски информираше за значењето на новиот оперативен микроскоп, врвна технологија која овозможува нови димензии во микроскопската хирургија.

Обезбедени се и неколку флексибилни транcназални фибер-оптички ендоскопи, со кои значително се олеснува и унапредува амбулантската и болничката дијагностика. Особено важна е набавката и на две најсовремени анестезиолошки машини-дизајнирани за флексибилност, со можност за користење во кратки и долги оперативни интервенции, кај возрасни и педијатриски пациенти, кои овозможуваат високо ниво на сигурност за пациентите и лесна употреба за анестезиолошкиот тим.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk