logo
logo
logo

МАШИНА КОЈА НЕ ЗАПИРА: Николоски побара од Брисел јасно да каже што, освен уставните измени, очекува од Македонија?!

Vecer | 04.12.2025

МАШИНА КОЈА НЕ ЗАПИРА: Николоски побара од Брисел јасно да каже што, освен уставните измени, очекува од Македонија?!

Регионот, Македонија, мојата земја се борат за европските вредности со децении. Нема сомнеж дека за регионот нема друга алтернатива освен членство во ЕУ и НАТО. Добро е што сме членка на НАТО, но испораката од ЕУ недостасува, истакна заменик претседателот на Владата Александар Николоски на панел дискусијата “Прашања на проширување: Новата геополитичка, безбедносна и економска граница на Европа” што се одржа во Брисел во организација на “Пријатели на Европа

Тој истакна дека во децениите наназад Македонија направила голема жртва за пристапниот процес, но според него клучните играчи во ЕУ треба да бидат фер и да испратат искрена порака дали регионот и Македонија ќе се приклучат кон ЕУ.

Земјата се трансформира однатре, колку што можеме со наши внатрешни ресурси, но се обидуваме да користиме и меѓународни ресурси, без разлика дали преку соработка со ЕУ, со САД....

Во овој момент за регионот на Западен Балкан се случува да практично нема граници трговијата е многу лесна. Работиме низ низа проекти, на пример, ако камион тргне од пристаништето во Драч може да стигне до Белград, многу брзо, без непотребно сопирање на границите.

Прашањето е што се случува со соседите, што правиме со Грција, членка на ЕУ, со Бугарија, што се прави Србија со Романија, со Унгарија, Хрватска и таму треба да се отвораме. Сега зборуваме со Грција да креираме 13 линии на граничните точки, за да се’ функционира побрзо.

Со Бугарија разговараме за железницата, денес ќе се сретнам со нивниот вицепремиер, за да отвориме уште една гранична точка, така се отвораме едни кон други и да се обидеме да го држиме тоа настрана од политичките игри.

Пред неколку недели потпишавме договор со бугарскиот вицепремиер за изградба на железница меѓу двете земји на коридор 8. Половина од бугарските медиуми по церемонијата за потпишување известуваа дека лажеме, дека тоа нема да се случи, дека Русите ни плаќаат мене и нему да не го направиме тоа, згора на се’, ме плаќаат и Грците и Србите... теории на заговор со кои луѓето живеат.

Сопственикот на најголемата новинска агенција во Бугарија вели дека тој има кредибилни извори дека Русите ме плаќаат за проектот да не успее, а јас го потпишувам. Медиумите ја трујат јавноста и единствениот начин на кој можеме да се бориме со тоа е да испорачуваме резултати. И затоа, земјите-членки на ЕУ треба да бидат правични кон регионот – да кажат ова е нашата визија за регионот. Ако продолжат да лажат... нема друг збор, можеби нешто умерено како лажни ветувања, но на крај, се сведува се’ на лажење, не мислам дека тоа е фер пристап кон регионот, бидејќи кажав што ќе се случи со регионот ако нема чесен пристап.

Потпишавме договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, прва земја во ЈИЕ што потпишала ваков договор, имав чест да го потпишам тој договор во мај годинава, не е дека не работиме, не е дека не се обидуваме или дека не бараме партнери и очигледно партнерите се таму каде што припаѓаме, во западната цивилизација.

Во однос на ЕУ, да се согласувам, проширувањето е политичко, ниедно проширување на ЕУ не било неполитичко, почнувајќи од Грција и Португалија, во претходниот век, па големото проширување на почетокот на овој век, па се’ до Романија и Бугарија – се’ било политички. Јасно е дека за овој регион недостига политичка волја”- вели вицепрмиерот Николоски.

Она што ме плаши, потенцираше вицепремиерот Николоски е дека се уште постојат сили во регионот кои се моќни, кои бараат да искористат прилика да ја преземат моќта со друга визија и чекаат процесот на проширување да пропадне.

За различни земји причините се различни, но очигледно има недостиг на политичка волја. Сметам дека е фер да им се каже на луѓето од регионот – ова може, ова не може. И ајде да ги правиме работите што може да се направат. Ако може да направиме 10 од 20 работи, тогаш да ги испорачаме, бидејќи вака сме заглавени во ситуација на чекање: следниот самит, следниот самит, јуни, декември, можеби во средина на март... и така времето си минува и она од што се плашам е што може да му се случи на регионот во иднина”- истакна вицепремиерот.

Вицепремиерот Николоски потенцира дека во вакви услови единствен начин да се развиваат земјите е економската соработка и ги истакна владините планови за крупните регионални проекти со кои се унапредува економската соработка со соседите.

Она што сметам дека треба да го правиме е да соработуваме економски, што веќе го правиме во регионот и да се поврземе. Ние сме земја без излез на море, но имаме два европски коридори кои минуваат низ земјата, коридор 10 од Переа, во Атина, до Финска и коридор 8 од Јадранско до Црно Море. Инвестираме многу пари да изградиме автопати, железница и тоа е нешто што може да ја смени и обликува економската иднина на земјата и нешто што треба да го гледаме како иднина на регионот” рече Николоски и додаде:

Сега зборуваме со Грција да креираме 13 линии на граничните точки, за да се’ функционира побрзо. Со Бугарија разговараме за железницата, денес ќе се сретнам со нивниот вицепремиер, за да отвориме уште една гранична точка, така се отвораме едни кон други и да се обидеме да го држиме тоа настрана од политичките игри”.

Тој истакна дека поддршката за членство во ЕУ во регионот е се уште висока и го потенцира моделот на соработка меѓу Словенија и Хрватска како модел за добра соработка и решавање на билатерални прашања, но како што рече за жал Македoнија е отворна за соработка, а од другата страна нема интерес.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, Мариан-Жан Маринеску, европскиот Координатор за коридорот Западен Балкан – Источен Медитеран, како и Матеј Законшеќ, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница.

На средбата се разговараше за регионалните инфраструктурни проекти кои го потикнуваат рагионалниот развој и економија.

Николоски информираше дека законот за ратификација на Договорот потпишан на 6 ноември 2025 година наскоро ќе биде ратификуван во Собранието.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk