logo
logo
logo

Пожар кај црквата Св. Спас во Стара Скопска Чаршија (ВИДЕО)

Vecer | 04.12.2025

Пожар кај црквата Св. Спас во Стара Скопска Чаршија (ВИДЕО)

Избувна пожар во близина на црквата Свети Спас, а противпожарните екипи се на терен.

- РЦУК Скопје известува дека избувнат е пожар во 19:43 часот во стара куќа во близина на црквата Св.Спас во Стара Чаршија. Во гаснењето на пожарот интервенираат 12 пожарникари со 4 противпожарни возила, информираат од ЦУК.

Причините за пожарот засега не се познати.

Пожарот кој избувна во објект на скопското Кале е ставен под контрола. Противпожарната бригада го изгасна со три противпожарни возила и неколку пожарникари.

Објектот и натаму чади. Се води сметка да се спречи повторно разгорување. Не се знае ниту која била намената на овој објект.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk