На граничниот премин „Богородица“ денеска се чека околу 30 минути за излез од државата, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања. Според информациите од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви колововзи, иако интензитетот на возилата е зголемен на патните правци надвор од градсктие средини.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата