logo
logo
logo

Ние градиме, тие уништуваат... НО, ГРАДСКИ ВОЗ И СЕ ДРУГО НАЈАВЕНО - ЌЕ ИМА!

Vecer | 26.07.2026

Ние градиме, тие уништуваат... НО, ГРАДСКИ ВОЗ И СЕ ДРУГО НАЈАВЕНО - ЌЕ ИМА!

Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира. Редовен карго сообраќај на Коридор 10 кој носи најмногу приход на Железници ќе има, патнички возови за Велес, Гевгелија, Прилеп и Битола ќе има...

напиша вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил, после брзата реакција на надлежните институции по направената штета на ЈП МЖ Инфраструктура кај Драчево.

После тешката штета нанесена од кражбата и уништувањето на енергетската инфраструктура за железница вечерва одржавме координација со директорот на Железница Инфраструктура, Синиша Ивановски, и Железница Транспорт, Дејан Кошутиќ.

Сакам да ги информирам граѓаните дека градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира. Редовен карго сообраќај на Коридор 10 кој носи најмногу приход на Железници ќе има, патнички возови за Велес, Гевгелија, Прилеп и Битола ќе има – стои во објавата од Николоски.

Во неа нагласува дека е убеден оти со брзата реакција на МВР крадците ќе бидат пронајдени и ќе одговараат.

Благодарам на министерот Панче Тошковски за брзата реакција. Ние градиме, други уништуваат! Ние ќе победиме! Ја градиме Македонија – напиша Николоски на својот фејсбук-профил.

Во електровлечната подстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево, е извршена кражба од големи размери, при што е предизвикано целосно уништување на значаен дел од електроенергетската опрема на железничката инфраструктура.

Од подстаницата се украдени бакарни жици, бакарни шини и прачки, како и практично сите уреди и елементи неопходни за нејзиното функционирање. При кражбата насилно биле превртени два големи електроенергетски трансформатори, секој со тежина од над 30 тони.

Од трансформаторите било испуштено и истурено трансформаторското масло, додека бакарните намотки и другите вредни компоненти биле целосно отстранети и украдени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk