logo
logo
logo

„ОВА СЕ КАДРИ НА ЗАЕВ ИЗДИКТИРАНИ НА ФИЛИПЧЕ КОИ ЌЕ ЗАГУБАТ НА ИЗБОРИТЕ“

Vecer | 20.06.2025

„ОВА СЕ КАДРИ НА ЗАЕВ ИЗДИКТИРАНИ НА ФИЛИПЧЕ КОИ ЌЕ ЗАГУБАТ НА ИЗБОРИТЕ“

Ова не се кандидати на партиската база на СДСM, туку тоа се кандидати на Заев издиктирани на Филипче, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Ова се кадри на другарите на Заев со кои убедливо ќе загуби и на овие локални избори. Луѓе од истата матрица која тепа жени како советникот на Филипче во Кочани, која измислува без докази и клевети, креира хаос и тоне во безидејност. Нема ниту еден кредибилен предлог за градоначалник и ниту еден кадар кој претставува додадена вредност. Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, обременети со скандали и приказ на хаосот во СДСМ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk