logo
logo
logo

УХМР: Во 14:00 часот Велес и Гевгелија се најтопли, најсвежо е на Попова Шапка

Vecer | 03.08.2026

УХМР: Во 14:00 часот Велес и Гевгелија се најтопли, најсвежо е на Попова Шапка

Велес и Гевгелија најтопли додека пак најсвежо е на Попова Шапка покажуваат последните мерења од управата за хидрометеоролошки работи.

Во Гевгелија во 14:00 часот се регистрирани 36,5 степени Целзиусови, а во Велес 36,2 степени. 

Над 35 степени се измерени и во Демир Капија (36.1°C), Кавадарци (35.9°C), Скопје на Зајчев Рид (35.9°C) и Струмица (35.1°C).

Во главниот град, на мерното место Скопје-Петровец се регистрирани 34.9 степени, додека во Куманово температурата достигнала 34.1°C.

Меѓу потоплите градови се и Штип со 33.4°C, како и Тетово и Виница со измерени 33.0 степени. Во Тополчани се регистрирани 32.7°C, во Битола 31.9°C, во Прилеп 31.7°C, а во Крива Паланка 31.6 степени.

Пониски температури се измерени во Пожаране (30.6°C), Ѓуриште (29.5°C), Берово (29.1°C), Претор (29.0°C) и Радовиш Пожар (28.5°C).

Најсвежо во 14 часот било во Крушево со 27.8 степени и на Попова Шапка каде живата во термометарот покажала 20.4 степени Целзиусови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk