Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода вкупно десет лица, откако при извршени прегледи кај нив била пронајдена дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи.
На подрачјето на Скопје, на 24 и 25 јуни, полициски службеници од СВР Скопје привеле осум лица – Ч.Ј. (47), А.Т. (19), Е.Р. (48), Б.Х. (27), Д.А. (18), Ж.Е. (48), Е.Е. (39) и Д.Д. (53), сите од Скопје. При прегледите кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела и кафеава прашкаста материја, како и шишиња со течна материја.
Во Свети Николе, на 24 јуни околу 15:25 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи го лишиле од слобода Д.Н. (37) од Свети Николе, откако во Градскиот парк кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Истиот ден, во 10:05 часот, на Граничниот премин Табановце, при контрола на патничко возило „мерцедес“ со австриски регистарски ознаки, во торбата на сопатничката Д.Ц. (31) од Србија била пронајдена марихуана, по што таа била лишена од слобода.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на сите случаи, против приведените лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата