logo
logo
logo

ВАКА ЌЕ СЕ ТРОШАТ БРИТАНСКИТЕ ПАРИ, само за проекти и со заедничко планирање, НЕ КАКО ВО ВРЕМЕТО НА СДСМ

Vecer | 21.05.2025

ВАКА ЌЕ СЕ ТРОШАТ БРИТАНСКИТЕ ПАРИ, само за проекти и со заедничко планирање, НЕ КАКО ВО ВРЕМЕТО НА СДСМ

Британските пари, околу 6 милијарди евра, ќе се користат ИСКЛУЧИВО за јавни проекти како инфраструктура, здравство, образование, енергетика и во функција на економските потреби што е создавање дополнителна вредност за економскиот потенцијал и нови инвестиции и вработуавња.

Тие пари ќе доаѓаат сукцесивно, од проект до проект, а планот за прокети е во соработка со Велика Британија, што е голема разлика во односот, транспарентноста и контролата на парите и нивната намена од сите досегашни кредити кои Македонија ги земала во времето на СДСМ.

Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот Николоски:

“Само што заврши најважната средба што ја имаме во агендата, а тоа е со претставниците од Инструментот за подршка на надворешното финансирање со Обединетото Кралство – УКЕф, на која што разговаравме околу деталите за средствата кои што Македонија може да ги користи во следниот период.

Се работи за 5 милијарди фунти кои што се ставаат на располагање на Македонија, нешто што беше потврдено од страна на УКЕФ и можам со задоволство да кажам дека овие 5 милијарди фунти односно 6 милијарди евра после овој состанок дефинитивно се ставени на располагање на Македонија.

Истите можат да се користат за проектно финансирање, тоа значи дека се врзани за проекти што значи дека ќе носат додадена вредност на Македонија. Тоа се проекти во делот на транспортот, здравството, образованието, во делот на енергетиката и животната средина.

Веќе разговаравме три сета на проекти, едниот е брзата пруга на коридор 10 од Табановце до Гевгелија, вториот е изградба и реконструкција на болници во Кичево, Тетово и Штип и третиот е изградба на медициски факултет заедно со студенски дом во Штип. Така што ова се три сета на проекти кои се веќе потврдени.

После потпишувањето на договроот Влада со Влада утре и ратификацијата на истиот во Собранието, ќе започнеме со официјални разговори во однос на начините на финансирање и реализација на овие проекти и во многу брзо време ќе излеземе со детали. Да спомнам дека со мене е и потпретседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, утре ќе ни се придружи и министерката за образование Весна Јаневска, а со мене е и директорот на ЈП МЖ Инфраструктура, членови на мојот кабинет, така што очекувам да имаме успешна посета на Велика Британија. Сега следуваат политички средби, ќе имам средба со министерот за внатрешни работи на Велика Британија, министерот за одбрана, утре со минстерот за економија и извоз со кој заедно ќе го потпишеме Договорот Влада со Влада, така што навистина ќе имаме плодна агенда.

Кај нас Договорот ќе оди со ратификација во Собрание, во Велика Британија го усвојува Владата и малку е поедноставна процедурата и после тоа станува ефективен и потоа влегуваме во преговори за реализација на договорите. Јас кажав дека мојата амбиција е во текот на летото да имаме договори, а доцна на есен да имаме работа на терен”- изјави од Лондон, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk