logo
logo
logo

Мицевски го потсети Битиќи дека СОПРУГАТА ДОБИЛА 600.000 ЕВРА ОД БУЏЕТОТ ДОДЕКА ТОЈ БИЛ ВИЦЕПРЕМИЕР

Vecer | 22.07.2025

Мицевски го потсети Битиќи дека СОПРУГАТА ДОБИЛА 600.000 ЕВРА ОД БУЏЕТОТ ДОДЕКА ТОЈ БИЛ ВИЦЕПРЕМИЕР

Маските паѓаат, објави на Фејсбук пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Јане Мицевски, откако во контрареплика кон него пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи изрече навреди за новинар и за неговите деца.

„На денешната седница на Собранието на Република Македонија, каде што тема е ребаланспт на Буџетот, му реплицирав на поранешниот вицепремиер од Владата на ДУИ и СДСМ, Фатмир Бетиќи. Откако го соочив со вистината и му искажав неколку факти, некогашниот вицепремиер во очигледна нервоза и паника, видно изнервиран го покажа вистинското лице. Почнаа навреди за семејство, за новинарите! Маските паднаа и се виде вистината“, напиша пратеникот Мицевски.

А вистината можете да ја видите на видеото, додаде тој.

„Може да се види нервоза, агресивност, дрскост и еден исплашен човек. Човек кој мисли дека ако навредува и глуми жртва некој ќе му се смилува. Дека одговорноста за постапките ќе биде заборавена. Е вакви луѓе ни ја воделе државата, вакви луѓе ја кроеле нашата судбина. Добро е ова видео да има јавна осуда – за никогаш повеќе вакви луѓе или слични на нив не дојдат во можност да водат институции или сериозни процеси во нашата држава“, напиша пратеникот.

Во реплика до Битиќи на собраниската седница пратеникот Мицевски му рече дека додека тој бил вицепремиер неговата сопруга аплицирала и од Владата добила 600.000 евра од буџетот за проект, како и сопругата на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Ерол Муслиу.

На ова Битиќи одговори со скандалозна навреда кон новинар, нарекувајќи го кретен.

– Јас тогаш на еден ваш квази новинар му реков ако најдете дека некој земал пари, 600 илјади ќе ги дадам за да ви ги образувам децата, за да не бидат такви кретени како што е тој – рече пратеникот Битиќи од собраниската говорница.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk