„Последниот пожар кај Смилковско е подметнат, има очевидци кои веќе дадоа изјави на МВР. Многу е веројатно најголемиот дел од пожарите да се подметнати.
Министерот Панче Тошковски е целосно посветен на расветлување на голем број сомненија за подметнати пожари.
Кога на ваков начин најдовте да печалите политички поени, ќе добиете баш соодветен одговор. Секако и ќе бидете жестоко поразени. Жестоко!“ објави градоначалникот на Бутел Дарко Костовски, кој предмалку и прв јави за пожарот на стариот пат кај Смилковското езеро. Тој посочи дека пожарот е на територија на општина Гази баба и дека се во координација со градоначалникот Боби Стефковски.
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски вечерва објави дека има пожар кај Смилковското езеро.
- Вечерва на повеќе локации е подметнат пожар на Смилковско езеро. Сообраќајот од обиколницата е во прекин! Екипите со кризниот штаб се на терен, објави Стефковски.
Тој додава дека се очекува да има прекин и на електричната енергија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата