logo
logo
logo

Симболичен центар за паметење да не се повтори повеќе

Меморијалниот парк за жртвите од пожарот во модуларната болница во Тетово

Vecer | 30.07.2025

Меморијалниот парк за жртвите од пожарот во модуларната болница во Тетово

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со вицепремиерот за политики и добро владеење, Арбен Фетаи, повеќе пратеници и со семејствата на настраданите во пожарот во модуларната болница, денес положија цвеќе на местото каде ќе биде изграден меморијалниот парк за жртвите од пожарот во модуларната болница.

–Денес не почнуваме само со изградба на парк. Започнуваме изградба на колективна меморија. Задоцнета, но неопходна. Пред четири години на ова место се случи трагедија, која не смее да се заборави, но институциите четири години молчеа. Не презедоа ништо, избраа да не гледаат, а тоа молчење беше неправда за тие што ги изгубија животите и за сите тие што секојдневно ја бараат правдата. Овој проект не е за сликање. Овој парк не е украс. Тој е задоцнет одговор што системот требаше да го даде одамна, но денес конечно започнуваме и тоа почнуваме поинаку, истакна во своето обраќање министерот за здравство, Азир Алиу.

МЗ
МЗ


Тој појасни дека овој проект е почнат само неколку недели по преземањето на функцијата министер за здравство во насока на одговорност и потенцира дека меморијалниот парк нема да има прави патеки, бидејќи ни животот не бил правичен за овие луѓе.

–Архитектурата ја следи филозофијата на прекината рамка, свиени патеки, дрвја што создава сенка за размислување и рефлексија, симболичен центар за да се памети и да се вети дека ова нема да се повтори повеќе. Немаме луксуз да заборавиме и немаме веќе право да доцниме. Овој парк е повеќе од простор. Тој е културен пресврт, јасна одлука против молчењето покана за размислување и ветување дека институциите мора да бидат блиску до граѓаните. Не само по трагедиите, туку и пред нив. Ние се сеќаваме дејствуваме и градини систем што не заборава, истакна Алиу.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk