logo
logo
logo

СТРАШНА НЕСРЕЌА на Прилеп-Градско, скопско поло паднало 40 м, 11 год. дете во критична состојба

Vecer | 13.07.2025

СТРАШНА НЕСРЕЌА на Прилеп-Градско, скопско поло паднало 40 м, 11 год. дете во критична состојба

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на лице место на експресниот пат Прилеп - Градско каде попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа во која автомобил Фолксваген поло со скопски регистарски ознаки во остра кривина во лево изгубил контрола и излетал од патот преку претходно оштетен дел од заштитната ограда, паѓајќи околу 40 метри надолу во населено место.

Во несреќата тешко е повреден возачот на автомобилот, како и едно 11-годишно дете кое се наоѓа во критична состојба.

И двајцата поради сериозноста на повредите се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје.

На уште еден сопатник во автомобилот со полесни повреди му е укажана лекарска помош во велешката болница.

Јавниот обвинител издаде наредби за технички преглед на автомобилот, како и за проверка на присуство на алкохол кај возачот.

Од лице место се подигнати и биолошки и други траги заради натамошно постапување.

Фото: Илустрација

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk